Десетина години веќе во прилепската Универзала сала речиси воопшто нема спортски настани. Во последно време имаше иницијатива за нешто да се преземе, но очигледно има некои проблеми за кои не се знае.
Сепак, еве што се зборува меѓу луѓето што се инволвирани во спортот. Се зборува дека првата идеја била преадаптација. Тоа била поевтината и побрзата варијанта за која бил изготвен проект, но истиот неподдржан. Всушност предложен бил друг проект реконструкција. Реконструкцијата значела поскапа варијанта, реконструкција на трибините. Овој проект не можел да го реализира концесионерот, туку само сопственикот, барем така велат нашите соговорници.
Сето ова се зборува, но дали е таа вистината или има и други детали ќе може да се знае само од луѓе водечки на институции, претпријатија или компании, луѓе што јавноста би ја запознале преку медиумите.
Оттука, следниве денови ќе направиме обид за разговори со најкометентните за овој проблем, разговори што ќе бидат објавени на нашиот медиум.