На 26 септември 1981 година во Прилеп допатува прославениот фудбаски тренер Миљан Миљаниќ. Од пребогатата кариера доволно е да се знае дека од 1974 до 1977 година беше тренер на шпанскиот гигант Реал Мадрид. При доаѓањето во Прилеп беше во улога на селектор на Југославија, тогаш таа функција наречена сојузен капитен. Дојде придружуван со соработниците од комплетниот Стручен штаб. Посетата ја искористи за семинар – неколкудневно предавање пред сите тренери на клубовите од Втората лига – Исток. Тогаш во таа лига учесник беше и прилепска Победа.
Миљаниќ беше и во Црвена звезда, Валенсија, во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, а кариерата во деведесеттите години од минатиот век ја заврши таму каде што ја почна – во Југославија.