100 години фудбал во Прилеп

АКТИВНИ, НЕАКТИВНИ И ЗГАСНАТИ КЛУБОВИ ВО ПРИЛЕП!

Според службени информации, во Прилеп и околината има регистрирано вкупно 51 фудбалски клуб, сметајќи и неколку фудбалски школи. Само во градот се клубовите Победа, Тризла, Ултрас, Прилеп сити, Пролетер, женскиот Деспина, школите Прилеп, Перак, Академја Еврогол и Пандев талент.  Постојат, но неактивни се Корзо 2016 и Варош, како и клубот за мал фудбал Град херој. Корзо откако е обновен во 2016 година нема одиграно натпревар. За Варош има податок дека последниот меч му е на 26 ноември 2017 година, кога со 2:0 го совлада Врбјани во Општинската квалитетна лига. Екипата на Град херој во рамките на Втората футсал лига, последен пат се има појавено на 31 март 2019, кога со 6:3 го победи Сее университи.

Има и такви кои не само што не се активни, ами се сосема згаснати, така што и името не им е во списокот на клубови – некогашниот женски прволигашки клуб Победа и некогашниот машки прволигаш 11 Октомври.

Од категоријата

(видео) ТОНИ МИЦЕВСКИ: ПАМЕТАМ КОГА 2000 ГЛЕДАЧИ МЕ ПОЗДРАВИЈА НА ТРЕНИНГ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП ДОВЕДЕН ГОЛМАН ОТКАКО ПРИМИ СЕДУМ ГОЛА!

Зоран Иге

СВЕШТЕНИЦИ НА ТРЕНИНГОТ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе