И за најпознатото фудбалско име кое играло во Победа, стоперот Илија Најдоски, има непознати детали од почетоците на неговата кариера. Во 1980 година, на 16 години, од крушевско Питу Гули преминува во прилепскиот, тогаш југословенски второлигаш, Победа. Од родниот град патувал секој ден.
– Во тој термин немаше комбе и мораше пешки од Крушево до Кривогаштани. Минуваше по 10 километри секој ден. Не се жалеше, беше психофизички издржлив, упорен и – успеа, Мило ми е, јас го препорачав – рече некогашниот легендарен играч и тренер, Борче Ангелески, крушевчанец.
Најдоски имаше настапи за југословенската и македонската репрезентација, за Вардар, Ц. Звезда, со која стана европски и светски првак, Ваљадолид, Денизли спор, ЦСКА и Сион. Во Победа одлично одигра во сезоните 1980/81 и 1981/82.