100 години фудбал во Прилеп

СИРЕНИТЕ ЗАСВИРЕА КАКО ЗА БОМБАРДИРАЊЕ – ИГРАТА ЗАСТАНА!

Од денешен агол гледано чуден беше некогашниот социјалистички систем. Откако претседателот Јосип Броз – Тито умре на 4 мај во 15,05 часот 1980 година, секоја наредна година до распадот на Југославија точно во 15,05 часот имаше виеж од сирените низ целата држава и секој граѓанин каде и да се најдеше во тој момент стоеше мирно во знак на почит и помен. Можеби на денешниве млади генерации ќе им изгледа комично, но ова навистина се случуваше: работниците во фабриките престануваа со работа, а возачите на автобуси, автомобили, мотори и велосипеди застануваа во тој момент кога ќе се слушнеа сирените, кои виеја како да е опасност од бомбардирање. Тие што возеа мотор или велосипед веднаш закочуваа, се симнуваа и застануваа во став мирно. Чудно, ама вистинито – истото беше и на спортските натпревари. Датумот 4 мај првпат се падна во сабота 1985 година, а во недела 1986 година. Фудбалските натпревари од повисоките рангови почнуваа по 16 часот и на нив немаше прекини. Ама на тие од пониските рангови или од младинските лиги бидејќи не одбираа термин, туку играа тогаш кога терените се слободни, им се случи да почнат од 14, 14,30 часот. И насред игра, пиштат сирените. Застануваат судиите, застануваат сите играчи. Нема лутење што пропаднала шансата, кој каде се нашол, таму застанал во став мирно. По минутата за почит и помен, продолжува натпреварот од акцијата која била прекината.

Долго и по распадот на Југославија на стадионот во Прилеп имаше натпис „Тито – херој“.

 

 

Од категоријата

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

ЈАС СУМ ТРЕНЕР, НЕ АРТИСТ!

Зоран Иге

ДРАГАН ЏАЈИЌ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе