100 години фудбал во Прилеп

ВЛЕЗНИЦА ШТО ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕМА ДА ЈА ЗАБОРАВАТ!

Од фудбалските натпревари на Победа се паметат не само головите, ами и најситните детали. Многумина чуваат влезници од дерби-мечеви. Влезница која најдолго е во сеќавање, секако е од дерби-натпреварот Победа – ОФК Београд, одигран на 24 август 1986 година, во рамките на 3. коло од Втората југословенска лига – Исток. Влезницата беше за тоа време по мошне висока цена од 300 југословенски динари.

Карактеристично за оваа влезница, за разлика од сите претходни, беше тоа што првпат на неа имаше лик од фудбалер. Тој фудбалер беше Србинот Милорад Коприќ, голема ѕвезда, напаѓач. Управата одлучи тој да биде на билетот, со оглед на головите што претходно ги даваше на секој меч. На генералната проверка против Прилеп (11 Октомври) ги даде сите пет гола, потоа во финалето од Купот за Македонија на Беласица и даде два, во првото првенствено коло на Трепча уште два. Од вкупно 10 гола, тој беше стрелец на девет.

Пред повеќе од 10 илјади гледачи, Победа од ОФК Београд загуби со 1:3, а почесниот гол го даде, кој друг ако не – Коприќ.

 

Од категоријата

ПЕШКИ 30 КИЛОМЕТРИ ЗА ТОЈ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

ЧЕТА ВОЈНИЦИ, НАВИВАЧИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

СПАСЕ НАЈДОСКИ: СПОМЕНИ ЗА ПОБЕДА, МИХАЈЛОВИЌ, ШУКЕР…

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе