Денеска Прилеп го посети министерот за спорт Борко Ристовски. Тој заедно со водечките луѓе од градот, градоначалникот д-р Борче Јовчески, како и директорката на Гимназијата „Мирче Ацев“, Весна Михаиловска, го пуштија во употреба новото спортско игралиште во рамките на училиштето. Министерот доби признанија и од Општината и од Гимназијата.
Потоа, при обраќањето кон јавноста, министерот Борко Ристовски, меѓу другото, говореше за новостите со Универзалната сала чија реконструкција би чинела околу 500 илјади евра, потоа за салата „Македонија“, салата кај базенот…
Инаку, за потсетување, Универзалната сала веќе десетина години не е во употреба, со исклучок на неколку турнири во мал фудбал, а и суперлигашки ракометни мечеви, како Прилеп – Еурофарм Пелистер (19 ноември 2021).
АУДИО