100 години фудбал во Прилеп

ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕДАЧИ НА ТРЕНИНГ ВО ПРИЛЕП!

Прилеп е фудбалски град познат по публиката, која не само на натпревари, туку масовно присуствуваше и на тренинзи. Така, во сезоната 1987/88 бидејќи екипата Победа играше значајна улога во првенството од Втората југословенска лига – Исток, публиката ја полнеше малата, северна трибина. Особено во петок попладне, на последниот тренинг, на редовите речиси немаше слободно место за седење.

Во петокот, на 9 октомври 1987 година од Скопје на минување низ Прилеп преку малата врата од кај малата трибина влегува новинар. Гледа полна трибина гледачи и се чуди.

– Добро бре, што и текнало на Победа да игра пријателска баш денеска?

– Нема никаква пријателска – му одговараат најблиските гледачи.

– Ами зошто толку публика?

– Сега ќе почни тренингот.

Тоа беше тренинг на шефот на Стручниот штаб Кирил Анески – Тумано со асистентите Миле Николоски – Мицко и Методија Крстески – Каше, во пресрет на дербито дома со гигантот ОФК Београд. Дербито го доби Победа со 2:1, со двата гола на Васил Гунев, а единствениот за ОФК Београд го даде Ѓорѓе Серпак. Победа настапи со: М. Јонуз, З. Костов (Т. Наумоски), М. Стојкоски, Сусулески, Радевиќ, Ф. Јонуз, Митрески (С. Најдоски), М. Тодороски, Гунев, Тркалинов, М. Конески.

Од категоријата

ПОБЕДА ГУБЕШЕ 1:0, ПА ПОБЕДИ 8:1!

Зоран Иге

МНОГУ ГЛЕДАЧИ – МАЛКУ ПРОДАДЕНИ БИЛЕТИ!

Зоран Иге

АЦУЛЕ И СТРУМИЧАНИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе