100 години фудбал во Прилеп

СИТЕ НА НОЗЕ, МИСЛЕА ОТИ СЕ СВИРИ ХИМНАТА!

Македонска химна отсекогаш била „Денес над Македонија“, но таа никогаш не се интонирала на спортските натпревари пред почетните години по осамостојувањето, бидејќи Македонија не беше држава, туку во рамките на федеративна Југославија.  Оттука, македонските спортски љубители дотогаш не беа во можност да видат како изгледа една церемонија пред одигрување на меѓународен фудбалски натпревар. Така се случи смешна ситуација на 1 септември 1994 година, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред стартот на пријателскиот меѓународен младински фудбалски дуел Македонија – Турција.

За време на загревањето на фудбалерите од двете репрезентации на теренот, оркестарот кој беше ангажиран за овој меч, почна со своите изведби. Прва на репертоарот беше „А бре, Македонче“ Само што се слушнаа првите звуци, речиси цел стадион, безмалку сите присутни од двете трибини, станаа од своите седишта и мирно, во тишина ја проследија песната, мислејќи дека е државната химна. Не помогна довикувањето од поединци дека не станува збор за химната, ами за друга, борбена песна. Не помогна објаснувањето дека химна не се свири додека трае загревањето, туку кога и двете репрезентации заедно со судиите се распоредени на центарот. И покрај ова, речиси цел стадион со почит, стоејќи ја ислуша песната „А бре, Македонче“. Дури потоа, по 10-15 минути, беа отсвирени двете химни – турската и македонската, па публиката и вторпат стоеше на прилепскиот стадион.

Мечот го доби Македонија  со 1:0, со голот на Тони Ангелов, а настапија: Јовчев, С. Здравевски, Седлоски, Б. Ѓорѓиоски, Николовски, Васевски (П. Георгиевски), Михајлов (Герасимовски), Ангелов (Капинковски), Христов, Захариевски (Гошев) и Шакири.

Од категоријата

РЕКОРД ВО ПУБЛИКА И ВО ИСПИЕНО ПИВО И КИСЕЛА ВОДА!

Зоран Иге

ПРЕД ДА КАЖЕ ЗБОГУМ – ОДБРАНИ ЧЕТИРИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕРЕШЕНИОТ РЕЗУЛТАТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе