100 години фудбал во Прилеп

(аудио) ОФС ПРИЛЕП ВО НОВИТЕ КАНЦЕЛАРИИ!

Надлежната за организацијата на фудбалот во градов, ОФС Прилеп, во септември 2012 година ги доби двете најпосакувани простории во старата општинска зграда – поранешните канцеларии од градоначалникот Марјан Ристески. Во третата се смести управата на Третата лига – Југ.

– Благодарност до Локалната. Убаво е, имаме доволно простор за ефикасна работа – рече Марјан Стојковски – Манта, претседателот.

Инвентар, компјутер, печатач и сé друго е на располагање во канцелариите. Овој општински сојуз секојдневно имаше полни раце работа, со оглед на системот. Поради масовноста, поделбата беше во два ранга, А и Б, со 19 тима. Под ингеренција беа и младинските школи. Немаше поголемо населено место без клуб.

– Нови простории, нови надежи дека прилепскиот фудбал ќе се врати на местото кое му припаѓа – истакна Петре Илиоски, секретарот.

ОФС Прилеп претходно дваесетина години беше во дотраени простории, во зградата од Соколаната.

АУДИО од 17 септември 2012

АУДИО од 4 јули 2012

Од категоријата

ВИДЕО И ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕД 30 ГОДИНИ: ДЕРБИТО ПОБЕДА – ВАРДАР!

Зоран Иге

(фото) СЕМАФОР НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(аудио) КОЈА Е ПРВАТА ЖЕНА ШТО ВЛЕЗЕ ВО ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе