Денеска на Стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Гостивар – Победа 3:1, во рамките на 16-финалето од Купот. Второлигашот од Прилеп настапи солидно против фаворитот, силниот прволигаш од Гостивар за кого играат и засилувања од странство. Меѓу нив е и Мароканецот Набил Дирар, некогашен соиграч на Французинот Килијан Мбапе во Монако. Стрелци на денешниот меч беа: Иван Ивановски во 11., Сукиса Машике во 37., Ринор Ајдини во 65. (Гостивар), а Матеј Ѓурчиновски во 69. минута (Победа).
ГОСТИВАР: Василев (68. Абази), Кировски, Ајдини (88. Ѓорѓиевски), Машике (68. Јусуфи), Ивановски, Елмас (56. Рифадов), Дирар (56. Чешмеџиев), Трајчевски, Ѓурѓевиќ, Глишиќ, Дервиши. Тренер: Енес Ќаил.
ПОБЕДА: Шемкоски, М. Талески, С. П. Спиркоски (77. Андоновски), Д. Дебрешлиоски (62. Ѓурчиновски), Табаковиќ (62. Јошески), Ристов, Тасески, Анѓелковски, С. М. Спиркоски (31. Ивчески), Арифи (77. Н. Талески), Д. Спиркоски. Тренер: Јане Николоски.
Во осминафиналето се пласираа: Гостивар, Шкупи, Арсими, Брера, Шкендија (Т), Брегалница, Македонија ЃП, Воска, Беса, Шкендија (А), Силекс, Детонит, Струга, Пелистер, Вардар и Тиквеш.