Следната сабота, 21 февруари, според распоредот е 22 коло, последното од основниот дел на Супер лигата на Македонија за мажи, во кое екипата Прилеп уште има шанси за пласман во плејофот и покрај поразот синоќа од 32:27 во Битола од Еурофарм Пелистер. Тоа е пласман меѓу најдобрите шест во лигата. Моментно еве ја табелата: прв Вардар Скопје со 38, втор Еурофарм Пелистер со 36, трет Алкалоид Скопје со 35, четврто Охрид 33, петто Тиквеш Кавадарци и шесто Бутел Скопје по 20 бода. Екипата Прилеп е 7. место со 18 бода и за да влезе меѓу шесте најдобри мора да го заземе местото од Бутел или Тиквеш, екипи со по 20 бода.
Во рамките на 21 коло, денеска, Бутел гостува во Охрид, а утре Тиквеш е домаќин на Куманово, Потоа, во последното 22. коло, во Скопје се игра Бутел – Тиквеш, а истовремено дома игра Прилеп со последниот Радовиш.
ТАБЕЛА:
