На Градскиот стадион „Гоце Делчев„ во Прилеп денеска со четврти тренинг се членовите на младинската екипа на Победа. Под нивно раководство е некогашниот тренер на сениорскиот тим Кирил Овезоски. Младинскиот тим е важен поради тоа што неговите играчи се највозрасните во клубот, па затоа добредојдени се сите сениори, за моментот кога ќе се составува сениорската екипа, чие првенство стартува на 21 февруари, дома, со Новаци. Ова е првиот дел или т.н. кондициски тренинзи. Вториот дел, тренинзите со топка, следат на теренот со вештачка трева.
Следниве денови планирано е да почнат тренинзите и со најмладите категории.