На програмата се осминафиналните мечеви од Купот на Македонија за млади категории фудбалери. Денеска на теренот во населбата Бутел во Скопје беа дуелите меѓу кадетските и младинските екипи на Шкупи и прилепска Победа.
Според резултатот далеку поинтересен е дуелот меѓу младинските состави. Дознаваме дека теренот бил мошне тежок за игра и се одвивала голема борба. Прилепскиот тим, каде има оправдано отсутни кои се ангажирани во првиот, сениорски состав, успеа да постигне гол преку голгетерот Салим Арифи во финишот од мечот, но Шкупи претходно поведе со недостижни три гола, преку Миран Салихи, Нури Абдурамани и Миадх Куртиш за конечни 3:1.
Шкупи оди во следната фаза и во кадетска конкуренција, со оглед на победата од 9:0, со головите на Нејази Нухија, Каддри Брути 3, Фисник Љамалари, Анди Исмаили, Судејс Чајани, Венис Енуз и Теодор Ангелов. Јасно е дека ова ни оддалеку не е реална разлика, бидејќи во Победа мора се да е подредено на потребите на првиот, сениорски тим.
Утре (10 и 12 часот) на теренот во Горно Лисиче во Скопје се играат осминафиналните мечеви за постари и помлади пионери, меѓу соодветните екипи на Вардар и Победа.