Веќе 12 дена новиот второлигаш Големо Коњари е во тренажен процес под водство на новиот тренер Јовица Блажески. Според планот, денеска (17:30 часот) на својот терен е првиот пријателски меч, со Победа од Валандово. Станува збор за ривал кој е член на Третата лига – Исток, но со амбиции да влезе во второлигашкото друштво. Ова е прва можност да се видат новодојдените играчи, како Валентин Белески и Бојан Јовески (Питу Гули, Крушево), Антонио Шемкоски и Симон Николоски (Победа, Прилеп), Филип Станојоски (Слога, Лажани), а се чека Зоран Даноски (Брегалница, Штип). Вториот тест е закажан за недела, пак дома, со третолигашот Евротип од Битола, а третиот на 31 јули, со второлигашот Вардар во Неготино.
Во клубот Големо Коњари се во исчекување на комисија од ФФМ којашто ќе го разгледа реновираното игралиште и ќе даде мислење за тоа дали ги исполнува условите за второлигашки ранг.