Синоќа машкиот ракометен суперлигаш Прилеп означи старт на подготовките, предводен од новиот тренер Наум Танески. Прво се одржа состанок, потоа првиот тренинг. Извесно е дека покрај тренинзи ќе има десетина пријателски мечеви. Планот за следнава сезона е влез во плејофот, меѓу шесте најдобри во Супер лигата.
Нови играчи на Прилеп се Сандро Дарсанија (играше во Португалија), Божидар Лековиќ (Азербејџан) и Димитар Димитриоски (Шпанија).