Фудбалската федерација на Македонија го одреди календарот на натпреваритеза следнава сезона. Интересно е што за екипата Победа во почетниот дел претстојат 3 меча за 8 дена. Имено, на 23 август е дуелот од 1. коло на Втората лига, на 30 август од 2. коло, а меѓу нив, на 26/27 август е меч во рамките на 16-финалето од Купот. Така е затоа што Победа е единствениот претставник на ОФС Прилеп во Купот.
Во врска со Втората лига, битно е да се знае дека учествуваат 16 клуба, секој клуб уплаќа котизација од по 8.000 евра, според конечната табела првопласираниот влегува во Првата лига, второпласираниот игра бараж за Прва лига со деветтиот од Првата лига, третопласираниот игра бараж за Прва лига со осмиот од Првата лига, деветтиот, десеттиот и единаесеттиот од Втората лига игра бараж со еден од петте прваци на третите лиги, а последните пет на второлигашката табела (од 12 до 16 место) директно отпаѓаат во една од третолигашките групи, зависно каде припаѓаат.
Конкретно за прилепска Победа, во оваа тешка ситуација прво сите сили (вклучувајчи ја Општината) сега се вложуваат за да опстојува клубот, а потоа, се разбира, ќе се мисли и на второлигашкиот опстанок.