Фудбал

ПО ПАУЗА ОД ТРИ НЕДЕЛИ ПОБЕДА В САБОТА ИГРА ДОМА!

На фудбалски најзагреаните прилепчани тешко им минува долгата пауза без да ја гледаат својата Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ како домаќин на првенствен меч. Во рамките на Втората лига на Македонија овојпат паузата е три недели, од 2 ноември (Победа – Вардарски 6:2) до 23 ноември (Победа – Скопје). Така е затоа што прво беше гостувањето кај Осогово во Кочани, потоа и одморот поради настапите на репрезентацијата на Македонија.

Така, сите погледи се кон претстојниот дуел Победа – Скопје. Домашниот тим со поддршка на навивачите ќе има можност да се оддели бодовно од гостинскиот, а и да напредува на табелата повисоко од 12. место.

ДВОЈКИ 13. КОЛО (сабота од 13 часот):  Победа – Скопје, Македонија ЃП – Вардар Н., Арсими – Борец, Беласица – Брегалница, Охрид – Детонит, Башкими – Кожуф, Новаци – Осогово, Саса – Вардарски.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 29, Брегалница 27, Башкими 26, Арсими 23, Охрид 21, Кожуф, Детонит и Саса 18, Беласица 16, Новаци 14, Скопје и Победа 13, Вардар Н. 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.

———————————–

       СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ НА                                                             076 502 403


Од категоријата

УШТЕ ДВАЈЦА НОВИ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СЕ НАВИКНУВААТ НА ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ

Зоран Иге

ДЕНЕСКА И ФУТСАЛ-МЕЧ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе