Екипата Големо Коњари, првак на Третата лига – Југ е пред последниот исчекор кон Втората лига, бараж-мечот. Според денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија, противник на оваа екипа ќе биде Тетекс од Тетово, првак на Третата лига – Запад. Билансот на Тетекс е 21 победа, 2 нерешени меча и само 1 пораз, со 65 освоени бода. Единствениот пораз го има од тетовски Љуботен, 3:4. Од друга страна, Големо Коњари исто така има одличен биланс – 18 победи, 3 нерешени меча и само 2 пораза, пораза од Питу Гули 1:0 и од Влазними јуниор 2:0. Бараж-мечот ќе се одигра в сабота, 24 мај, на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје..
Други двојки од бараж-фазата: Преспа Ресен – Слога Виница, Шкендија Арачиново – Осогово Кочани. Победниците стануваат второлигаши.