Во Скопје се одржа Меѓународен џудо турнир „Скопје опен 2025“ во организација на Џудо клубот Ипон. На овој турнир настапија клубови од 8 држави (Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Молдавија, Грција, Албанија и Македонија) со околу 250 натпреварувачи. Прилепскиот клуб Сеишин се претстави со 22 натпреварувачи при што се освоени 15 медали ( 3 златни, 3 сребрени и 9 бронзени).

Резултати поединечно:
Помлади пионери-ки:
1. Ивана Митреска 3. место
2. Матеја Николоска 3. место
3. Ксенија Илиоска 3. место
4. Бисера Цеткоска 2. место
5. Тамара Стојкоска 3. место
6. Марија Марковска 3. место
7. Елдина Пупаловиќ 3. место
8. Марио Конески 2. место
Пионери-ки
1.Дила Пупаловиќ 3. место
2. Софија Ѓорѓиоска 1. место
3. Јована Цветкоска 2. место
4. Дино Кулески 2. место
Кадети-ки:
1. Тамара Илиоска 1. место
2. Теодора Илиоска 1. место
3. Марко Ацески 3. место

Одлични борби прикажаа и останатите членови кои не успеа да изборат место на пиедесталот. Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Дејан Мицкоски.
Џудо клубот Сеишин продолжува со подготовки за следните меѓународни првенства.