Зад нас е првото издание на Велосипедската трка „Трофеј на Прилеп“, организирана од Велосипедскиот клуб Херој и Велосипедската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп. Беше кружна трка низ центарот на градот, во повеќе категории, со учество на велосипедисти од Македонија. Во категоријата сениори победник е Александар Милошевски (Вело М, Куманово), кој имаше пад на левата рака, но и покрај тоа успеа да стигне прв на целта, пред Јован Паневски (Крос сајклинг, Куманово) и Мемед Мемеди, (Велес). Во категоријата јуниори победи Константин Костоски (Херој, Прилеп), кој беше побрз и од сениорите но извози пет круга помалку од нив, според пропозициите, пред Никола Ристески (Пелистер 15 Мај, Битола) и Кирил Анчевски (Крос сајклинг, Куманово). Во групата мастерс триумфира Влатко Лозаноски (Херој, Прилеп) пред Игор Михајловски (Феникс сајклинг, Тетово) и Филип Илиоски (Херој, Прилеп).
Други победници: за У-13 женски Зерен Кализи (Адреналин сајклинг, Гостивар), за У-15 женски Сања Цветанова (Крос сајклинг, Куманово), за У-13 машки Александрос Јанакопулос (Пелистер 15 Мај, Битола), за У-15 машки Марко Чекеровски (Оксижен, Скопје), за кадети Марко Блажевски (Крос сајклинг, Куманово).
Трката е со стремеж во идните изданија да премине во меѓународна.
ВИДЕО (Константин Костоски, Александар Милошевски и Влатко Лозаноски)