Времето лета, од 15 март 1981 година поминаа дури 44 години. Тој ден е важен затоа што се собра рекорден број публика во Прилеп, за дербито од Републичката лига на Македонија, Победа – Пелистер 3:1. Тоа дерби го судеше Благоја Спасовски – Лобело од Скопје, кој сега живее во САД, а со најголемо задоволство ги изнесува сеќавањата за тој ден. На насловната фотографија е на центарот од теренот со капитените, Тоде Тодороски (Победа) и Петар Упалевски (Пелистер).
Ова дерби го доби Победа со 3:1, со трите гола на Гоце Манески во 5, 38. и 56. минута, додека единствениот за Пелистер го даде Нечовски во 16.
ПОБЕДА: Т. Тодороски, Глушески (О. Котески), В. Димоски, Р. Ѓорѓиоски, И. Најдоски, Л. Петрески, Манески, Магдески, Глигороски, Сусулески, З. Конески (Милосовски). Тренер: Момчило Мома Илиќ.
ПЕЛИСТЕР: Димитровски, Богоевски, Мицковски (Љ. Љамчевски), Н. Љамчевски, Митревски, Канатларовски, Трајановски, Нечовски, Бошевски (Зекиќ), Димевски, Упалевски. Тренер: Наум Бутевски.
ВИДЕО