Од подалечното минато на Победа познато е дека честопати Градскиот стадион „Гоце Делчев“ бил преполн со публика, особено кога се играа дерби-мечеви во рамките на Републичката лига на СР Македонија или во Втората лига на СФР Југославија. Меѓутоа, кога ќе се изброеле продадените влезници, евидентно било дека таа бројка е многу помала од проценката за присутни гледачи на трибините. Присутни околу 15 илјади гледачи, а продадени помалку од 10 илјади влезници, тоа е преголема разлика.
Објаснувањето било за присутност на многу деца кои влегувале бесплатно, на возрасни гледачи со помош на пријатели на влезовите, но и на голем број кои се искачувале преку оградните ѕидови, што се смета за прилепски специјалитет. За да се спречат таквите што се искачуваат преку ѕид, врз ѕидовите се истураше писа, се поставуваше бодликава жица, а и ѕидни редари. Иако многумина ги извалкаа и ги искинаа алиштата, дури и добија сериозни повреди, традицијата за искачувањето преку ѕид продолжи и натаму.
На фотографијата што ја објавуваме, се гледа екипата на Победа од 1976 година (Ж. Ѓорѓиоски, М. Цветкоски, Т. Тодороски, И. Мечев, Б. Митев, Л. Илиев – Ј. Магдески, Г. Манески, Р. Глигороски, П. Трајкоски, В. Дрвошанов), зад неа преполно публика, а на оградниот ѕид еден од редарите.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403