Последно коло и во Третата лига – Југ. Првакот, екипата Големо Коњари, со 3:0 славеше во Возарци, Кавадаречко со домашното Дреново. Стрелци: Борче Сркески од пенал во 24. минута, Виктор Тошески во 48. и Христијан Кукески во 51. По ова се чека ждрепката за бараж-мечот во кој победникот има пласман во второлигашкото друштво. Подолу е составот со кој денеска Големо Коњари одигра во Возарци.
ГОЛЕМО КОЊАРИ: Ацески, Х. Кукески, Ибраимоски, Сркески, Тошески, Митрески, Даноски, Котески, Ф. Кукески (46. Бешовски), Имероски, Макешоски (59. Иваноски). Тренер: Горан Касниоски.
Во оваа прилика објавуваме фотографии од мечот во Прилеп меѓу Ултрас и Росоман.

РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ 26. КОЛО: Превалец – Питу Гули 2:1 (Давид Секуловски, Ристо Станковски – Оливер Велевски), Дреново – Големо Коњари 0:3 (Борче Сркески, Виктор Тошески, Христијан Кукески), Влазними јуниор – Слога 4:6 (Али Фејзулоски 2, Денис Шабаноски, Хабијл Ибраими – Емир Каришиќ, Шабан Османоски 2, Адмир Угљанин, Фатон Ибраими, Артин Мејдини) Ултрас – Росоман 2:3 (Бобан Тошески, Миодраг Тасески – Бојан Миланов 2, Христијан Јованов), Бучин – Младост 3:2 (Александар Србиноски, Андреј Николовски, Ѓорѓија Мургоски – Димитар Пејоски, Дарко Чапкуноски), а слободни беа Венец и Башкими.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Големо Коњари 57, Превалец 50, Башкими 45, Младост 42, Венец и Росоман 38, Ултрас 32, Бучин 25, Питу Гули 23, Слога 17, Дреново 15, Влазними јуниор 12, Обршани 3, Марена 0.


