Денеска беа мечевите од последното 30. коло на Втората лига на Македонија. Екипата Победа зеде бод од Радовиш, на дуелот со петтопласираниот Детонит. Резултатот е 2:2, што е убаво за прилепскиот тим во оваа тешка сезона. Највредното е што се избори опстанок, а одесен очекувањата е да се оди на највисок пласман.
Што се однесува до денешниот меч, во редовите на домашниот Детонит имаше и прилепчани – Лука Трајкоски, Давид Јошески, Христијан Поп-Антоски, Давид Дебрешлиоски. Стрелец на првиот гол во 27. минута беше Лука Трајкоски од пенал, израмни Филип Димоски во 42. минута по убава акција во која последно додавање имаше Мартин Талески. Детонит со 2:1 поведе во 56. минута преку Дамјан Масевски, а конечните 2:2 ги постави Давор Богевски во 70. Минута, откако врз него беше направен прекршок за најстрога казна.
Од овој меч објавуваме фотографии што ни ги испрати Рубин Алексоски, службениот претставник на Победа. На една од нив е големиот навивач на прилепскиот тим 83-годишниот Стојче Ристоски од Брвеница, Тетовско.
ДЕТОНИТ: Ѓорѓиев, Велковски (67. Поп-Антоски), Манасиевски, Рушити, Масевски, Јаневски (77. Д. Јошески), Л. Трајкоски, Христов, Радевски, Митревски, Д. Дебрешлиоски (56. Костов). Тренер: Горан Здравков.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески (64. Г. Димоски), Ивчески, Казимоски (89. С. М. Спиркоски), Исмаил (53. Љумовиќ), Д. Шаркоски, Ф. Димоски, Кофиловски, Д. Н. Паскоски (64. А. Петрески), Каба (89. Табаковиќ), Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
РЕЗУЛТАТИ 30. КОЛО: Детонит – Победа 2:2, Вардар Н. – Арсими 0:4, Македонија ЃП – Беласица 0:0, Борец – Охрид 4:1, Брегалница – Башкими 0:1, Кожуф – Новаци 5:1, Скопје – Саса 3:2, Осогово – Вардарски 4:0.
КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Арсими 65, Башкими 63, Брегалница 58, Детонит 44, Саса и Охрид 42, Беласица 41, Кожуф и Скопје 39, Новаци 35, Победа и Вардар Н. 33, Осогово 29, Борец 17, Вардарски 11.



