И пред завршувањето на првенството од Третата лига – Југ се знае првакот, тимот Големо Коњари. На едно коло пред крајот има 7 бода предност пред Превалец од Велес. Според тоа очекувана е голема прослава на успехот. Меѓутоа, овојпат тоа ќе се случи на две места. Утре (недела) прво прославата ќе биде во Дреново, Кавадаречко,.при доделувањето на пехарот пред мечот со домашниот истоимен тим, а по 19 часот веселбата ќе продолжи во Големо Коњари до доцна вечерта.
ПОСЛЕДНО 26. КОЛО (18 мај во 17 часот): Дреново – Големо Коњари, Превалец – Питу Гули, Влазними јуниор – Слога, Ултрас – Росоман, Бучин – Младост, а слободни се Венец и Башкими.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 54, Превалец 47, Башкими 45, Младост 42, Венец 38, Росоман 35, Ултрас 32, Питу Гули 23, Бучин 22, Дреново 15, Слога 14, Влазними јуниор 12.