Утре (недела) со почеток од 12 часот стартува Велосипедската трка „Трофеј на Прилеп“ од центарот на градот, од пред Камената бина. Ќе биде кружна трка низ улиците на градот, така што има можност за присуство на публика. Најавено е учество на велосипедисти од цела Македонија. Еве ги категориите: женски, У-13, У-15, кадети, јуниори, сениори и мастерс. Домашниот клуб Херој ги има на располагање овие велосипедисти: Дејан Дамески, Влатко Лозаноски, Филип Илиоски, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Стефан Маџоски.
Трката е во организација на Велосипедскиот клуб Херој и Велосипедската федерација на Македонија, со поддршка од Општина Прилеп