Чудо се Прилеп и Прилепско. Кога сите се загрижени и се плашат дека на спортски план е тргнато надолу, вчера се одржа на највисоко ниво организирана традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Сите на велосипед 2026“, во организација на Велосипедскиот клуб и сервис „Илинден“ од Прилеп, предводен од прочуениот велосипедист Драган Димитриоски, Сојузот за училишен спорт на Општина Прилеп, со поддршка на градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Дејан Проданоски и Локалната самоуправа. Традиционална рекреативна манифестација со учесници од сите генерации. Најмалиот има само 6 години – Јана Думбалоска, а највозрасниот е на 83 години (роден 1943) – Кирил Савески. Вкупната бројка е голема, некои спомнуваат дека е приближна до 1.000. Во секој случај, многу народ учествуваше, многу народ гледаше, а имаше што да се види. Се возеа велосипеди на релација Прилеп – Мало Коњари – Прилеп, а вкупната должина се спомна дека е 19 километри.


Се одржа и натпреварот за деца “Спортски полжав” што подразбира бавно возење на куса релација, без паѓање. Таму редоследот на најдобрите е: Матео Јанчев (ООУ „Кире Гаврилоски“), Ангелина Темелкоска ( ) и Марио Конески (ООУ „Добре Јованоски“). Екипен победник на манифестацијата е ООУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари“.


Интересен поединец учесник е Рубин Алексоски (подолу на фотографијата), учесник ем со велосипед, ем во дрес на најсаканиот клуб, Фудбалскиот клуб „Победа“, дрес со прочуениот клупски амблем.
