Меѓу спортовите со долга традиција во Прилеп е велосипедизмот. Затоа и честопати има информации за успеси. Клубот „Херој“ неодамна извести дека досегашниот негов член Константин Костоски во наредната сезона ќе настапува за унгарскиот клуб „Лотус“, најдобар јуниорски во источна Европа. Неговите членови доаѓаат од 7 држави, меѓу кои е и нашата, која како претставник го има Константин.
Тука нема застанување, туку гледање напред, кон иднината. Веќе се отвораат вратите на клубот за нови членови. Почнат е уписот на млади велосипедисти. Подолу е огласот што го објавуваме, оглас од страна Велосипедскиот клуб „Херој“.