Изненадувања се случуваат и на Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ во Прилеп. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ елиминиран е популарниот тим „Фенербахче“ од Кичево. Синоќа, во осминафиналето, Фенербахче – Инекс Олгица (Охрид) 0:3. И покрај нападите, акциите и многуте шанси, Фенербахче не постигна гол, голманот на Инекс Олгица ги одбрани сите шутеви кон неговата мрежа. Интересни беа и другите мечеви. На дуелот Пилана Жарко/Железарија Желеко – АМД Прилепец во основниот дел беше 0:0, а по изведувањето пенали 1:0.
Резултати од вчера, осминафинале:
Андринико – Кули 1:3,
Фенербахче – Инекс Олгица 0:3,
Теа Андреа/Хајв кафе – Компанија Атанасовски 1:0,
АСП Пак – Фасада Чајник 4:0,
Пилана Жарко/Железарија Желеко – АМД Прилепец 0:0, пенали 1:0.
Еве ги четвртфиналните двојки:
Кули – Давид Коруноски,
ПВЦ Никем – Инекс Олгица,
Теа Андреа/Хајв кафе – Пилана Жарко/Железарија Желеко
Аце Најдески – АСП Пак.
За денеска, четврток 25 декември, најавени се дуели на пионерските екипи од турнирот. Почетокот е од 18 часот. Подолу се двојките,
2017
18.00 ч.: Тони – Перак
2015
18.40 ч.: Тони – Академија Еврогол
2017
19.20 ч.: Тони – Академија Еврогол
2015
20.00 ч.: Перак – Академија Еврогол
2017
20.40 ч.: Перак – Академија Еврогол
2015
21.20 ч.: Тони – Перак
Сениорските екипи денеска паузираат, продолжуваат утре – петок, 26 декември.