Има измена на деновите за одигрување на првенствените натпревари од последните кола. Првата лига наместо в недела, се одигрува в сабота (утре). Така е затоа што на овој начин се овозможува ден повеќе подготовка за финалниот куп-мечот в среда Вардар – Струга. Поради ова се поместува и Втората лига, така што наместо в сабота (утре) ќе биде в недела. Според ова, прилепска Победа в недела ќе биде гостин на Детонит во Радовиш.
ВТОРА ЛИГА, ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (недела, 18 мај, 17 часот): Детонит – Победа, Вардар Н. – Арсими, Македонија ЃП – Беласица, Борец – Охрид, Брегалница – Башкими, Кожуф – Новаци, Скопје – Саса, Осогово – Вардарски.