Само што заврши 65. седница на Советот на Општина Прилеп на која имаше на дневен ред многу точки, од кои последната се однесуваше на Фудбалскиот клуб Победа. Имено, според одлуката што едногласно беше усвоена, за ФК Победа од буџетот на Општина Прилеп е издвоена финансиска поддршка во износ од 1.000.000 денари.
– Победа е срцето на Прилеп. Интересот на градот е да го има овој клуб – беше спомнато на седницата.
На сумата од милион денари се гледа како иницијатива кон која би се приклучиле други институции и приватни компании за поддршка на ФК Победа.
