Откако се оствари тоа што се најавуваше – едногласната одлука на Советот на Општина Прилеп за доделување милион денари помош на Фудбалскиот клуб Победа, следно што треба да се случи е првиот собир и почетокот на тренинзите на фудбалскиот второлигаш. Иако задоцнето, во овој момент многу важно е да се почне. Има играчи коишто настапуваа во минатото првенство, кон нив се додаваат повратници од други клубови, а извесни се и неколку засилувања. Во последно време прилепскиот клуб се потпира врз млад играчки кадар, така што од аспект на физичката сила не би требало да има проблеми и покрај мини-подготовките.
Се зборува нарем за еден пријателски меч до првенствениот старт на 23 август, кога е гостувањето во Новаци.
