Како и многу други македонски клубови, новиот второлигаш Големо Коњари совреме се поврзува со своите симпатизери во пресрет на почетокот на првенството од Втората лига. Од клубот информираат дека веќе се пуштени во продажба сезонските билети по цена од 1000 денари.
– Секоја купена карта е финансиска поддршка за клубот. Сезонска карта може да се набави во просториите на клубот или на телефонскиот број 076 361 586 кај Љупчо Бумбароски – објавуваат од ФК Големо Коњари.
Првиот првенствен меч е на 23 август, дома, со Детонит од Радовиш.