Денеска успешно се претставија членовите на Велосипедскиот клуб Херој од Прилеп. Според името на својот клуб Херој, така и настапија на Државното ридско првенство на Македонија на Пелистер, во организација на Велосипедската федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај. Освоени се четири медали – два златни и два бронзени. Подолу се пласманите во четири возрасни категории:
1.место: Влатко Лозаноски (мастерс)
1.место: Константин Костоски (јуниори)
3.место: Андреј Маџоски (У23)
3.место: Стефан Маџоски (кадети).
Наскоро се очекува настап и во странство.