Штета за прилепскиот второлигаш Победа е вчерашниот пораз од 2:3 со Охрид, по водството од 2:0. Екипата Победа со играта и текот на настаните се чинеше дека заслужи прв есенски триумф, но… Не само што не стигна до оваа цел, туку не успеа ниту бод да освои, а згора на тоа е и добиениот црвен картон по завршувањето на мечот. Имено, во записникот пишува дека исклучен по мечот бил младиот. 19-годишен играч на Победа Кристи Крајоски, за што како причина е наведено користењето навредлив, понижувачки или агресивен јазик и/или гестови, пцуење и навреди кон главниот судија.
Навистина штета, затоа што се работи за талентиран фудбалер, кој веќе постигна еден убав гол есенва – со Саса во 2. коло.