И дефинитивно, како што се очекуваше, велосипедистот Константин Костоски во наредната сезона ќе настапува за унгарскиот клуб „Лотус“, тим за кој можеме да кажеме дека е најдобар јуниорски тим во источна Европа. Неговите членови доаѓаат од 7 држави, меѓу кои е и нашата, која како претставник го има Константин.
Следуваат подготовки во Шпанија и Хрватска, и новиот старт на сезоната кон крајот на март 2026. Константин, кој досега настапуваше за ВК „Херој“ од Прилеп, во сезоната која веќе помина, имаше учество на голем број трки низ Европа. Неговото акумулирано искуство треба оваа година да се одрази и со одлични резултати.
Ретки се спортистите наши во странство. Затоа и за Константин пожелуваме среќа за успех во следниов период.