Заврши 38. издание на „Трофејот на Белград“, меѓународниот шаховски турнир со долга традиција и реноме. Прилепчанецот ВМ Звонко Станојоски и овојпат одличен – на високото 3. место со 7,5 поени, а рангиран пред стартот на 7. место. Меѓу 146 учесници од 13 држави е пласиран над 5 велемајстори, над 6 интермајстори. Немаше пораз, а постигна 3 реми и 6 победи. Меѓу победите највредна е против шампионот на турнирот, ВМ Михаил Брјакин од Србија, прворангираниот. Победата е постигната со црни фигури!
Звонко Станојоски уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите спортисти во историјата на Прилеп, на „Трофеј на Белград“, турнир којшто во минатото го има и повеќепати освоено.