Денеска е последното 9. коло на Европското шаховско првенство за млади категории шахисти во Будва (Црна Гора), а претходните две беа успешни за Прилеп. Прилепчанката Теодора Ѓорѓиеска (ШК Прилеп) постигна две победи со ред во категоријата до 16 години – со Нета Стојанов (Израел) и со Мирто Серетаки (Грција). Така билансот сега и е: 4 порази, 1 реми и 3 победи – за 3,5 поени. Денешниот последен ривал и е Нора Шарваш (Унгарија).
Во машката категорија до 18 години македонски претставник е прилепчанецот Никола Павлески (ШК Алкалоид, Скопје). На претходните две кола забележа 1 пораз – од Ивано Томљановиќ (Хрватска) и 1 реми – со Атакан Акаја (Турција). Според тоа, билансот му е: 3 порази, 4 реми и 1 победа – за 3 поени. Денешниот последен противник му е Адам Омарсон (Исланд).
По завршувањето на денешното последно коло ќе ги објавиме конечните табели, пласманите на нашите претставници.