Уште две кола се одиграа (второто и третото) од Супер лигата на Македонија во пинг-понг за мажи. Фаворитите забележаа победи, така што на врвот се три клуба, меѓу нив прилепскиот Младост 96, којшто во првото коло пред еден месец, потсетуваме, со 4:0 го совлада Радовиш.
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО: Вардар – Младост 96 2:4, Ѓорче Петров – Радовиш 2:4, Крива Паланка 2007 – Телеком нец 2 1:4, Астраион – Шампион ФА 4:2, Крива Паланка – Пелагонија 4:0. ТРЕТО КОЛО: Младост 96 – Ѓорче Петров 4:0, Пелагонија – Вардар 4:1, Шампион ФА – Крива Паланка 0;4, Телеком нец 2 – Астраион 4:2, Радовиш – Крива Паланка 2007 4:2.
ТАБЕЛА: Крива Паланка, Младост 96 (Прилеп) и Телеком нец 2 (Скопје) по 6, Астраион (Струмица) и Радовиш по 5, Шампион ФА (Штип) и Пелагонија (Битола) по 4, Ѓорче Петров (Скопје), Крива Паланка 2007 и Вардар (Скопје) по 3.
Следните две кола (четвртото и петтото) се играат на 29 ноември, а тогаш Младост 96 се среќава со Крива Паланка 2007 и со Астраион.
Досега за клубот играа Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Бугаринот Георги Стојанов и крушевчанецот Никоа Доага, а тренер е Ѓоко Јочкоски.