Се одиграа мечеви од 10. коло на Супер лигата на Македонија за мажи. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, Прилеп – Еурофарм Пелистер Битола 25:40. Во првото полувреме домашниот тим имаше водство во еден период, но до одморот шампионот не дозволи изненадување и резултатот го преврте во своја полза, 12:21. Најистакнати стрелци: Ангел Крстески 7, Владан Кастратовиќ, Димитар Димитриоски и Божидар Лековиќ по 3 гола (Прилеп) – Петар Атанасиевиќ 7, Мирче Калајџиовски и Павле Атанасиевиќ по 5, Нејц Цехте 4 (Еурофарм Пелистер).
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Бутел – Охрид 19:25, Куманово – Тиквеш 27:28 и Прилеп – Еурофарм Пелистер 25;40. ДЕНЕСКА: Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш.
ТАБЕЛА: Вардар 20, Алкалоид 18, Еурофарм Пелистер 17, Охрид 15, Бутел 11, Пролет 9, Тиквеш 8 (-1), Еурофарм Пелистер 2 (-1) и Прилеп по 6, Струга 4, Куманово 2 (-1), Радовиш 0 (-1).