Продолжува Супер лигата на Македонија за мажи, со 10. коло. Денеска се три меча, Бутел – Охрид, Куманово – Тиквеш и Прилеп – Еурофарм Пелистер. Во Прилеп, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во 19 часот гостува актуелниот македонски шампион. Прилепскиот тим подготвува 60 минути силен отпор. Ова е најавено од страна на Димитар Димитриоски:
– Расположени сме да одиграме добри 60 минути, скапо да ја продадеме кожата. Се надеваме на добра партија, пред се во одбраната. Многупати се покажало – одбраната добива, а нападот губи. Но да бидеме реални, мора да се бориме 120 насто за да му парираме на ваков противник – вели Димитриоски.
ТАБЕЛА: Вардар 20, Алкалоид 18, Еурофарм Пелистер 15 (-1), Охрид 13 (-1), Бутел 11 (-1), Пролет 9, Тиквеш 8 (-1), Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп по 6 (-1), Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0.