Ракомет

ЧЕСТИТКИ ЗА ДВАТА МЕДАЛА НА МАКЕДОНИЈА, БЕЗ ОГЛЕД НА ФАВОРИТСКАТА УЛОГА!

Добредојден е секој медал за нашата Македонија и секоја организација на меѓународно првенство, како што беше Светското училишно првенство во Скопје. Навистина одлична организација од страна на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерството за спорт, а два медала – златен и сребрен, освоија репрезентациите – машката и женската од Македонија. Успех, без оглед на тоа што се оспорува дека Македонија беше фаворит и пред почетокот, бидејќи станува збор за вистински кадетски репрезентации, предводени од селектори, наспроти гостинските произлезени од училишта. Меѓутоа, фаворитската улога не е доволна сама по себе, туку беше потребен труд во подготовките, голема борба на натпреварите за да се дојде до освојување на тие медали. Конечниот редослед во женска конкуренција е Хрватска, Македонија, Турција, во машка – Македонија, Израел, Хрватска.

Најважно е што не само со резултатите, ами и со игрите се потврди квалитетот на македонскиот ракомет, на младите девојки и момчиња, така што може да се очекува светла иднина за овој спорт, одамна прогласен за спорт број еден кај нас.

Од категоријата

ПРИЛЕП ВЕЧЕРВА КАКО ГОСТИН ПОБЕДИ ПРЕД СВОЈАТА ПУБЛИКА!:

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИИОТ РАКОМЕТ И ФУДБАЛ СЕ ТЕМИ ПО 11 ЧАСОТ!

Зоран Иге

ПРВ БОД ЗА ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион