Шах

ВЕЛЕСКИ СО ВИСОК ПЛАСМАН ВО БЕЛГРАД!

Во главниот град на Србија се случи Меѓународниот шаховски турнир „Трофеј на Белград“, на кој се истакна фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп. Пред стартот рангиран на 44. место, меѓу 194 шахисти, успеа да се издигне до високото 27. место. Освои 6 поени на 9 партии. Загуби само двапати – од ФМ Енгбатар Енкар од Монголија и од ВМ Дејан Антиќ од Србија, ремизира двапати – со Вељко Шчекиќ од Црна Гора и со Јован Филиповиќ од Србија, а победи петпати – против Саво Радовановиќ, Марко Радиќ и Јовица Асковиќ од Србија, Ема Хитарјан од Ерменија и ФМ Нураи Советбекова од Киргистан.

На првенството добар пласман, на 48. место со 5,5 поени има и ФМ Љубомир Хаџи-Манев од Радовиш. Стартуваше од 80. место. Има два пораза – од Лука Павловиќ и Милош Гвозденовиќ од Србија, ремизира трипати – со Александар Траиловиќ од Србија, Мелине Харутјунјан од Ерменија, а постигна четири победи – со Илија Расковиќ, Младен Докиќ, Душан Узелац и Александар Радојичиќ од Србија.

Победник е ВМ Драгиша Благојевиќ од Црна Гора, со 7,5 поени.

 

Од категоријата

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

ВЕЛЕСКИ СЕ БОРИ СО 104 РИВАЛИ ОД 22 ДРЖАВИ!

Зоран Иге

СЕ ПОЈАВИ ДЕТЕ ШТО ГИ ПОБЕДУВА СИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе