Шах

ПРИЛЕП СО НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ДОСЕГА

Екипата на Прилеп одигра нерешено, 3:3 со Гостивар, во последното, 7. коло од Државното екипно првенство во шах, во Струга. Тоа е сосема доволно да се постигне целта, освојувањето на второто место, веднаш под шампионот Алкалоид. На денешниот дуел, за Прилеп цел поен освои ИМ Тони Кироски, а по половина поен ВМ Мирослав Миљковиќ, ИМ Дејан Стојановски, ФМ Славе Трајкоски и Кире Николоски. Недостигаа ВМ Бобан Богосављевиќ и ВМ Никола Седлак,. Вкупниот биланс на Прилеп е: 5 победи (Стево Патако 5:1, Анпасан 5:1, Куманово 3,5:2,5, Гамбит 3,5:2,5, Фишер 3,5:2,5), 1 реми (Гостивар 3:3) и 1 пораз (Алкалоид 2 :4).  

Табела: Алкалоид (Скопје) 14, Прилеп 11, Гамбит (Скопје) 10, Куманово и Гостивар по 6, Анпасан (Шипковица) 5, Фишер (Куманово) и Стево Патако (Битола) по 2.

Од категоријата

ПРИЛЕП СО ДВА ПРВОЛИГАША

Зоран Иге

ВЕЛЕСКИ ГО ПОСТИГНА НАЈВИСОКИОТ ПЛАСМАН

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА ОСВОЈУВАЧОТ НА КУПОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе