Шах

(аудио) КАКО ПРИЛЕП ДЕНЕСКА СТИГНА ДО ЕВРОПА…

Денеска во Струмица заврши Државно екипно првенство на Македонија, на кое екипата од ШК Прилеп го освои високото трето место на конечната табела, веднаш под скопските – шампионот Алкалоид (за кого настапи прилепчанецот ВМ Звонко Станојоски) и под Гамбит.

Ова значи бронзен медал за Прилеп и обезбедено учество во Купот на европските шампиони. За да дојде до овој пласман, прилепскиот тим ги постигна овие резултати: Прилеп – Штајниц (Битола)      4-2, Прилеп – Пелагон (Прилеп)      3-3, Прилеп – Шкупи (Скопје)         4-2, Прилеп – Гамбит (Скопје)     0,5 – 5,5, Прилеп – Алкалоид (Скопје)     1-5, Прилеп – Гостивар                     3-3, Прилеп – Куманово                    4-2, Прилеп–Анпасан (Шипковица) 6-0. За Прилеп настапија: ВМ Мирослав Миљковиќ, ВМ Бобан Богосављевиќ, ИМ Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Стевчо Ѓорѓиевски и Кире Николоски.

АУДИО-РАЗГОВОР со ИМ Тони Кироски, клупски претседател и шахист

Од категоријата

ИТАЛИЈАНСКАТА ПАДОВА Е ПРОТИВНИК НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

ПРВОТО МЕСТО ИМ ПРИЛЕГА НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе