Во Параќин (Србија) се одржа меѓународен шаховски турнир за млади категории шахисти. Учесниците од Македонија, членови на ШК Прилеп, имаа успешни настапи. Освоени се пет мадали. Така, Давид Маркушески е прв во А-групата, Никола Павлески втор во А-групата и трет во Блиц-дисциплината, Иван Синадиноски е втор во Ц-групата, а Теодора Ѓорѓиеска е прва во Б-групата.







Шахот е спорт со кој Прилеп е поврзан само со успеси – и во клупски и во поединечни настапи.