Последна, генерална проба пред второлигашката сезона имаа екипите Големо Коњари и Новаци. Пријателскиот меч се одигра во Големо Коњари. Беа две различни полувремиња. Во првото домашниот тим даде силен отпор, така што резултатот беше 0:0. Во второто полувреме гостинскиот многу подобар, со 5 постигнати гола. Стрелци. Андреј Петкоски, Стефан Јовановски 2 и Мартин Андоновски 2. На петте контроли екипата Големо Коњари (на тренерот Јовица Блажески) има два пораза и три победи.
На 23 август, на првенствениот старт, Новаци (на тренерот Дарко Крстески) дома ја пречекува прилепска Победа, а Големо Коњари дома игра со радовишки Детонит.