Местото Лознани, Битолско на спортски план е познато по ФК Хајдук, клуб збратимен со ФК Прилеп сити. Тоа е повод за разговор со претставникот на Хајдук Бенито Наумчевски. Тој кажува како пред 4 години се случи збратимувањето, што претставува тоа збратимување, комуникацијата со ФК Прилеп сити, пријателските натпревари со позајмување или размена на играчи, за хонорарот наменет за дресови на прилепскиот клуб…
Наумчевски исто така зборува за реновирањето на игралиштето во Лознани, за подвигот на тоа место со само 130 жители да одржува клуб, за амбициите за пласман во повисок ранг, А-лигата на ОФС Битола.
Аудио-разговорот е подолу на линкот:
АУДИО