Еден знак дека ФК Победа чекори кон консолидација, е почетокот на продажбата на сезонските влезници. Клубот објави дека се продаваат по цена од 1.200 денари. Тој што ќе си купи сезонска влезница ќе има пристап до сите домашни натпревари во период од една сезона. Со новата сезонска влезница се овозможува брза и едноставна проверка на влезот, ексклузивна поддршка за саканиот клуб.
Еве го начинот на аплицирање:
– се пополнува онлајн-апликацијата на веб-страницата од ФК Победа,
– се извршува уплата на сметката од клубот или директно на овластено лице во просториите на клубот, потврдено со фискална сметка,
– се добива потврда по е-пошта и Вибер кога влезницата ќе биде подготвена,
– картата се подигнува лично на стадионот, во клупските простории.
Подолу е линкот од веб-страницата на ФК Победа:
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
